Тинекс не се продава

Регионалниот портал на албански јазик „Шќип медија“, кој вчера објави вест дека косовската групација „Вива фреш“ го купува македонскиот трговски ланец „Тинекс“, денеска пишува дека информацијата, која ја добил од извори во „Тинекс“, не била точна

„Нашиот портал во текот на вчерашниот ден ја објави веста дека косовската компанија постигнала договор за купување на компанијата „Тинекс“ во Македонија и дека наскоро се очекува потпишување и официјализирање на продажбата. Нашите извори, кои беа од „Тинекс“, за македонските портали ги демантира менаџерот на „Вива Фреш“, негирајќи дека е постигнат таков договор“, пишува денеска „Шќип медија“.

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=25&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fshkjip-medija-viva-fresh-sepak-ne-go-kupuva-tineks%2F&cb=34c9708f78

Информацијата дека „Вива фреш“ го купува „Тинекс“ и со тоа станува најголем играч на македонскиот пазар ја пренесоа сите македонски медиуми и таа одекна како сензација во јавноста. Сепак, од локалниот менаџмент на косовската групација демантираат дека го купуваат македонскиот трговски ланец.

„Вива Фреш Стор“, најголемата трговска малопродажна компанија во Косово, има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Косовската групација лани го купи македонскиот ланец супермаркети „Кит-Го“.

 

21.09.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега