Тинејџер ограбил угостителски објект во Куманово - полицијата го приведе
Вчера во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 - годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
03.10.2024 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа