Тинејџер од Македонија со нож се обидел да избоде Хрват во двор на училиште
Малолетникот А.С. од село Чегране доби кривична пријава поради тоа што се обидел да избоден момче од Хрватска.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(17) од село Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
„На 04.10.2022 во 13:30 часот во двор на средно училиште настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и С.Р.(18) од Р.Хрватска, со престој во с.Добридол, при што пријавениот со остар предмет се обидел да го повреди С.Р., но бил спречен“, информираат од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа