Ноќеска во 01:31 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.Г.(19) од Делчево. При контрола во сообраќајот на ул.„Светозар Марковиќ“ во Делчево, полициски службеници запреле мотоцикл, управуван од Б.Г. и по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,81 промили алкохол во крвта. Покрај тоа, констатирано е дека не поседува возачка дозвола.
Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

