Снимките од системот „Безбеден град“ откриле обид за лажно прикажување сообраќајна несреќа во Тетово, по што две лица биле лишени од слобода поради сомнение за осигурителна измама.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јули во 21:55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ се случила сообраќајна несреќа со четирицикл со тетовски регистарски ознаки.

Пријавителот, 44-годишниот С.А. од село Џепчиште, навел дека четирициклот, управуван од 45-годишниот Ш.А. од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.

Но, по преземените мерки и проверка на видеозаписите од камерите, полицијата утврдила дека возилото воопшто не учествувало во сообраќајна незгода.

Од снимките било констатирано дека четирициклот бил донесен на местото со возило на влечна служба, по што бил растоварен и намерно превртен на тротоар од страна на неколку лица, со цел случајот да биде прикажан како сообраќајна несреќа.

По документирање на случајот, МВР најавува соодветна пријава против инволвираните лица.

Exit mobile version