Вчера во 12:02 часот на магистралниот пат Дебар-Струга, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Дебар го лишија од слобода Н.А.(39) од Тетово.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека го управувал со изречена мерка „Забрана за управување со товарно возило“. 

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version