Тетовец илегално изградил викендичка на државно земјиште

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 69-годишниот Ф. С. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело узурпација на недвижности.

Во текот на минатата година во гостиватското село Старо Турчане, на местото наречено Оревиште, на земјиште во државна сопственост Ф. С. изградил викенд-куќа без соодветна документација.

На местото бил извршен увид и била изготвена потребната фотодокументација.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега