Вчера во 14:30 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(27) од Тетово затоа што им се заканувал со пиштол и нож додека извршувале службени дејствија.

Од него се одземени пиштол „валтер“ со една рамка и 6 куршуми и нож.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version