Тетовчанец фалсификувал пари, ама го фанала полицијата

Вчеравечер, тетовчанец се обидел да подметне банкнота од 100 евра во маркет во Тетово. Но, вработениот се посомневал и пријавил во полициска станица, за на крај да се утврди дека вработениот бил во право.

На 15.09.2021 во 22.10 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(58) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 14.09.2021 околу 22.00 часот во маркет на ул.„Јане Сандански“ во Тетово тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица“- се вели во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот против тетовчанецот  ќе биде поднесена соодветна пријава.

16.09.2021 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега