Тестирање: Само 776 тестови на државна сметка - за останатите 1.125 граѓаните платиле 75.000 евра во приватните клиники

Само 776 тестови од вкупно спроведени 1901 во изминатите 24 часа се направени на државна сметка. Според последната статистика на Министерството за здравство за состојбата со корона вирусот во последните 24 часа, само нешто над 40% од тестови се спроведени во дражавните лаборатории додека останатите над 1100 теста граѓаните си ги платиле сами во приватните болници. Само денеска, граѓаните кои не можеле да дојдат до државен тест, на приватните болници им платиле над 75.000 евра. Пресметките покажуваат дека од почетокот на кризата до денеска граѓаните за тестови на приватно потрошиле над 6 милиони евра.
Се повеќе граѓани се жалат дека не можат да добијат право да се тестираат поради што мора тестот да го платат приватно. Оние кои не можат да си го дозволат тоа се принудени да чекаат ред за државен тест во меѓувреме ризикувајќи влошување на состојбата која понекогаш може да има и смртни последници.
Дополнителен проблем е што овие луѓе, додека го чекаат тестот воопшто немаат никакво решение за изолација што значи дека продолжуваат да го шират вирусот.
Вкупно од овие 1901 тест спроведени денеска детектирани се 561 нови случаи и дури 22 починати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега