„Тесла“ објави 24,32 милијарди долари приходи за 2023 година

„Тесла“ објави дека приходите на компанијата за 2023 година изнесуваат рекордни 24,32 милијарди долари, цената на акциите е зголемена за околу 64 отсто, а сѐ тоа значи надминување на очекувањата за самата фирма.

Извршниот директор и главен акционер, Илон Маск продаде 39 милијарди долари од своите акции минатата година заради купувањето и управувањето со „Твитер“. Некои акционери на „Тесла“, наводно, биле незадоволни што Маск троши време на социјалната мрежа, бидејќи така, тој би можел да биде помалку сосредоточен на првата фирма. Овие фактори извршија притисок врз цената на акциите на „Тесла“, што паднаа за 39,6 отсто во декември.

Но, испораките на „Тесла“ возила на огромниот пазар во Кина во јануари скокна за 18,4 отсто во споредба со декември. Тоа е еден од двигателите кон повторниот раст на акциите.

Во однос на берзите, инвестициските банки „Морган Стенли“ и „Дојче банк“ прогнозираат цена од 220 долари за акција, а банката „Мизухо“ очекува акциите да достигнат 250 долари од сегашната цена од 199 долари. 

02.03.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега