Серија тешки сообраќајни несреќи во кои учествувале мотоцикли и мопеди се случиле во текот на вчерашниот ден во неколку градови низ државата. Според извештаите од МВР, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, меѓу кои и еден сопатник.

На 25.03.2026 во 15:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од с.Челопек, тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Д.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 25.03.2026 околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

На 25.03.2026 околу 20:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Антевски Дрен“ во населба Превалец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.Т.(22) од с.Клуковец, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, И.З.(28) од с.Горно Врановци, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Exit mobile version