Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон.
Двајцата биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.


