Легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, во искрено навраќање кон минатото, ја сподели својата најголема животна болка – загубата на мајка си пред точно 50 години. Пејачот признава дека успехот и славата имале превисока цена, која ја платил со отсуство во најтешките моменти за неговото семејство.

Илиќ се присети на моментот кога, како 25-годишно момче во подем, се вратил од турнеја во Бугарија само за да сфати дека часовите на неговата мајка се избројани.

„Никогаш не ми било потешко. Ги проколнував парите, турнеите, кариерата, песната… Се чувствував како музиката да ми ги украла последните денови што требаше да ги поминам со најдрагата личност. Дури се заколнав дека никогаш повеќе нема да земам микрофон во рака“, открива Илиќ.

Иако по смртта на мајка си сакал засекогаш да се повлече од сцената, Мирослав Илиќ продолжил да пее благодарение на еден последен аманет.

Пејачот ги сподели последните зборови на својата мајка, која иако на само 47 години го напуштила овој свет, размислувала за неговата иднина и среќата на неговата публика.

Според неговото сведоштво, таа го замолила да не ја напушта музиката, нарекувајќи го пеењето „леб за неговите деца“.

„Ми рече: ‘Вети ми дека ќе продолжиш да пееш за мене сè додека те служи грлото. Јас ќе се лекувам замислувајќи како ги правиш луѓето среќни’. Тоа беше нејзината најголема желба и мојот пат оттогаш наваму“, вели пејачот.

Илиќ нагласува дека од неа ги наследил сите добри квалитети и дека и по пет децении, неговата најголема жал е што таа не доживеала да го види неговиот огромен успех на балканските простори.

Exit mobile version