Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени четворица мотоциклисти за само еден ден во Македонија

    26.03.2026 во 14:38

    Дрска кражба во Аеродром: Разбојник со мопед одзел ранец на жена додека возела велосипед

    26.03.2026 во 14:28

    Пожар во „Идризово“: Гореше кровот на амбулантата во затвореното одделение

    26.03.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени четворица мотоциклисти за само еден ден во Македонија
    • Дрска кражба во Аеродром: Разбојник со мопед одзел ранец на жена додека возела велосипед
    • Пожар во „Идризово“: Гореше кровот на амбулантата во затвореното одделение
    • Полицаец од Кичево ќе оди на психијатриски преглед: Тепал граѓанин кој не давал отпор
    • Фалсификувале зелени карти за камионите: Двајца камионџии приведени на Деве Баир
    • Тоа се жени од Балканот -На сопругата на Премиерот и на Меланија Трамп не им треба англиски
    • Историски договор: Администрацијата за две години ќе има за 40 отсто повисоки плати
    • Мицкоски потврди: Повисоки плати за образованието и здравството веќе со априлската исплата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тешко повредени четворица мотоциклисти за само еден ден во Македонија

    Тешко повредени четворица мотоциклисти за само еден ден во Македонија

    26.03.2026 во 14:382 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Серија тешки сообраќајни несреќи во кои учествувале мотоцикли и мопеди се случиле во текот на вчерашниот ден во неколку градови низ државата. Според извештаите од МВР, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, меѓу кои и еден сопатник.

    На 25.03.2026 во 15:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од с.Челопек, тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Д.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

    На 25.03.2026 околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

    На 25.03.2026 околу 20:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Антевски Дрен“ во населба Превалец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.Т.(22) од с.Клуковец, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, И.З.(28) од с.Горно Врановци, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

    Популарно

    Тешко повредени четворица мотоциклисти за само еден ден во Македонија

    26.03.2026 во 14:38

    Дрска кражба во Аеродром: Разбојник со мопед одзел ранец на жена додека возела велосипед

    26.03.2026 во 14:28

    Пожар во „Идризово“: Гореше кровот на амбулантата во затвореното одделение

    26.03.2026 во 14:21

    Полицаец од Кичево ќе оди на психијатриски преглед: Тепал граѓанин кој не давал отпор

    26.03.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.