Тешко повреден велосипедист во Скопје, возачот во бегство

 


Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Р.У.(75) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

25.10.2024 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега