Тешко повреден тетовчанец во сообраќајка помеѓу автомобил и мотоцикл


Вчера во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од Х.Х.(32) и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Б.С.(29), двајцата од с.Челопек.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

13.04.2024 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега