Тешко повреден мотоциклист откако изгубил контрола и излетал од патот


Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13.00 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

08.09.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега