Тешко повреден мотоциклист од Прилеп - излетал од патот и удрил во браник

 


Вчера во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од  М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник.


По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. 

28.10.2024 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега