Тешко повреден малолетник во сообраќајка помеѓу автомобил и мопед


Вчера во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“,во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

14.04.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега