Тешко болната актерка заплака на доделувањето на наградите „Еми“, едвај излезе на сцената

 

Синоќа, во Лос Анџелес, 75-ти пат беа доделени престижните награди „Еми“.

Кристина Еплгејт, која долго време има сериозни здравствени проблеми, ги изненади сите кога вчера се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“. Тешко болната актерка заплака на доделувањето на наградите по овациите од публиката.

Популарната актерка, која пред три години дозна дека боледува од мултиплекс склероза, излезе на сцената со помош на бастун држејќи го водителот Ентони Андерсон под рака.

„Ти благодарам многу, о, боже, ‘оземпик’ не се грижеше за моето тело“, се пошегува актерката, а нејзиниот коментар се однесува на лекот за слабеење, кој им помогна на многубројни холивудски ѕвезди да ослабат.

Актерката доби престижна награда за улогата во серијата The Bear, пренесува „Дејли мејл“.

 

16.01.2024 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега