Тешка сообраќајка во Скопје- повредени три лица

 

Три лица повредени во сообраќајка во Скопје, откако се судриле автомобил и товаро возило.

-На 01.12.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа сандеро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, во која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје - информираат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „дачиа сандеро“ А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега