Тешка сообраќајка во Скопје: Пет лица повредени од кои еден малолетник

Се судрија автомобил и мотоцикл во Скопје по што неколку лица биле повредени.

„На 11.10.2020 околу 13.10 часот во Скопје, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) и мотоцикл „агуста“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.И.(24), и двајцата од Скопје“ информираат од МВР.

Според пријавеното во незгодата, М.И. и сопатникот од мотоциклот П.А.(22) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а И.А., Ј.С.(25) од с.Грчец и уште еден малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген голф“, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега