Тешка сообраќајка во Охрид - автомобил удрил во велосипедист

 


Вчера во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц.(60), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

17.10.2024 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа