Вчера околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на патничкото возило „шкода“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
- САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
- Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
- Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
- 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
- Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
- Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
- Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна

