Тешка сообраќајка: Товарно возило се судри со „фолксваген голф“ - четворица повредени

Денеска (31.01.2023) во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Мушов гроб кон Конопиште се случила сообраќајна несреќа помегу товарно возило „сканиа“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(57) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од с.Марена, кавадаречко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Г.(33) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и тројца негови сопатници, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.   

31.01.2023 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега