Тешка сообраќајка на Тетово - Гостивар - 11 повредени

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово – Гостивар  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (34) од Желино, патничко возило „ауди“со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М. (56) од Батинци, скопско и патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од П.Ф.(37) од Гостивар.

„Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „поло“, Ш.Л. и Р.Х., а возачот и другиот сопатник К.З., сопатникот во возилото со скопски регистарски ознаки И.Ќ и возачот на возилото „ауди“ со гостиварски ознаки  и неговите сопатници А.Ф. , Б.Ф., Л.Ф., М.В., и Л.В.  се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово“, извести МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

03.03.2024 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега