Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Повредени тројца

 


На 12.04.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(55) од Скопје и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од с.Гошинце, општина Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.И., со телесни повреди се здобил С.И. и неговиот малолетен сопатник од с.Арачиново, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

14.04.2025 - 14:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега