На 19 ноември 2025 година, околу 04:20 часот, во Полициската управа Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, камион „Мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управуван од С.М. (52) од Србија, излетал од патот. Жена мигрантка од Кина починала на местото на настанот од повредите, според наодот на лекар од Итна помош.

По наредба на јавниот обвинител, телото е испратено на обдукција. Повредени се уште седум имигранти од Кина.

Возачот С.М. е однесен во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажана лекарска помош. Полициска екипа од Гевгелија извршила увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител

Exit mobile version