Вчера околу 22:00 часот, на ул. „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Х.Л.(23), Б.З.(27) и А.З.(24), сите од Гостивар.
При преглед на патничко моторно возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, кај Х.Л. е пронајдена кутија со марихуана. Утврдено е и дека возачот А.З. го управувал возилото без возачка дозвола, а возилото било со измината регистрација.

Возилото е одземено, а тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.