Тешка сообраќајка на патот Штип-Миладиновци: Три лица го изгубија животот, пет се повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во 12.10 часот на автопатот Штип - Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила, а загинаа три лица. Животите ги загубија 15-годишно девојче, 62-годишна жена и 37-годишна жена.

Неофицијално, во несреќата тешко се повредени уште најмалку пет лица кои се транспортирани низ различни здравствени установи низ земјата. 

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица - Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи. 

02.06.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега