Тешка сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод: Сопатникот почина, возачот се бори за живот

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

22.03.2023 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа