Тешка сообраќајка на крстосница: „Опел“ се судри со „кавасаки“

На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“, управуван од А.К.(37)  од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

24.03.2023 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега