Тешка сообраќајка кај Ресен: Автомобил излета од патот, возачот почина
Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.
Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.
„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.
10.06.2023 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа