Вчера во 14:18 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај село Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(50) од с.Горно Палчиште, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од с.Долно Палчиште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил неговиот деветгодишен сопатник од с.Долно Палчиште, констатирани во Клиничка болница Тетово, известија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

