Тешка несреќа во Скопје: Со Ауди се забил во бетонски столбчиња па се запалил

 

Тешка сообраќајна несреќа го потресе Скопје кога 20 минути по полноќ на 25. Мај, на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрије Чуповски“, во близина на Порта Македонија, патничко возило „Ауди А4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 39-годишниот Л.Л. од истиот град, излетало од коловозот.

Возачот удрил во бетонски столбчиња и канделабра, а потоа автомобилот се запалил. 

- „Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.

26.05.2025 - 08:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега