Тешка несреќа на патиштата - мотоциклист итно однесен на Клиника

Мотоциклист се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на патот Куманово-Крива Паланка.

„На 26.09.2021 во 21:30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во атар на село Ветуница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“, со бугарски национални ознаки, управуван од В.А.А.(34) од Република Бугарија и патничко возило „сеат ибица“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(42) од Кратово. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка“, информира МВР.

27.09.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега