Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.
Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
- Бугари во Уставот веднаш – да го фатиме последниот воз за ЕУ
- Од денеска почнува летното работно време за зонското паркирање во Скопје
- (ВИДЕО) Манасиевски: Без писмени гаранции од ЕУ нема да има уставни измени
- (ВИДЕО) Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали 60.000 евра синдикални пари се потрошени за луксуз во Црна Гора
- Конечно нафтата поевтина од бензинот – големо намалување на цената на дизелот
- Одлични вести за возачите: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините со минимален скок
- Инцидент на Треска: Пијан кичевец нападнал рибочувар со остар предмет
- ВИДЕО: Ги украде цвеќињата од гробот на нашиот син – реакција на таткото на тапанарот на ДНК


