Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, сите однесени во болница

 

Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот што вчера излета од патот кај Драчево.

Како што објави МВР, несреќата се случила на локалниот пат с. Количани – с. Драчево, Скопско, кога „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. С. (19) од Скопје, излетало од коловозот.

„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката С. М. (18) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и уште две сопатнички – М. Д. (20) и М. М. (18), двете од Скопје, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

07.06.2023 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега