„Тешка кражба“ во рудникот Суводол, приведени четири лица

 


Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

12.04.2024 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега