Од СВР Куманово информираат дека вчера во 22:45 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ц.К. (75) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава за физичка пресметка.

Според пријавеното, истиот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка меѓу Ц.К. и Б.П. (76), двајцата од Куманово.

Во пресметката со тешки телесни повреди се здобил Б.П., кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.

По целосно документирање на случајот, против Ц.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version