Вчера во СВР Скопје од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Р.Д.(36) од Скопје.

Според пријавеното, околу 00:00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, додека се движел со неговото патничко возило „бмв“, тој бил запрен од Ј.А., кој го познавал, и по настаната расправија, бил физички нападнат од страна на Ј.А..

Подоцна, откако Р.Д. се вратил на местото, повторно бил физички нападнат од Ј.А., а потоа и од М.А. и Е.Н., при што М.А. го удрил со кундак од пиштол.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version