Денешното судско рочиште за случајот Пулс започна со задоцнување од еден час, што предизвика видлива нервоза во судницата и остра реакција на судијкатта. Причина за одложениот почеток беше ненавременото пристигнување на полицискиот спровод од Тетово.
Веднаш по влегувањето во судницата, судијката побара итно објаснување за доцнењето и упати директни критики кон полициските службеници за ненавременото пристигнување во судница.

