Тензично во Вашингтон: Масовна проверка на војниците во пресрет на инаугурацијата

ФБИ ги проверува сите 25 илјади војници на Националната гарда кои ќе пристигнат во Вашингтон на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден поради стравување од напад организиран „од внатре“.

Американските безбедносни служби се плашат од инфилтрација на крајната десница во редовите на војската и полицијата и извршување на некаков вид на неред пред завршувањето на мандатот на Доналд Трамп.

„Припадниците на Гардата се обучени за препознавање на потенцијални закани во своите редови“, изјави американскиот министер за одбрана Рајан МекКарти за „АП“.

Тој истакна дека безбедносната проверка во рамките на Националната гарда е „трајна постапка“ и дека по втор и трет пат се проверуваат војниците кои ќе ја обезбедуваат инаугурацијата. Со досегашните проверки, не бил пронајден ниту еден сомнителен војник.

После побуната на поддржувачите на Трамп кои упаднаа во зградата на американскиот Конгрес на 6-ти јануари, во многу сојузни држави беше мобилизирана Националната гарда, а владините згради се дополнително заштитени со огради.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега