УХМР ги измери температурите во Македонија во 11 часот. Според мерењата, најтопло е во гевгелија, каде се измерени 30 степени, по што следат Струмица и Велес со 29 степени, Демир Капија, Кавадарци и Скопје со 28 степени Целзиусови.

Најниска температура во 11 часот е измерена на Попова Шапка, 14 степени.

Денешниот ден ќе биде претежно сончев со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на одделни места се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе достигнат од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во одредени делови од котлината, можно е краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Температурата наутро ќе изнесува околу 15 степени, а во текот на денот ќе достигне до 34 степени.

Exit mobile version