Безживотното тело на новороденче е пронајдено во текот на денот во паркот Бергер, лоциран во париското предградие Бобињи, соопштија од локалната полиција.

Инцидентот веднаш ги крена на нозе надлежните служби откако граѓани пријавиле сомнително однесување во паркот.

Сведоци на настанот воочиле како едно лице остава крвава вреќа на јавната површина, по што веднаш алармирале кај органите на редот.

Полициските екипи по излегувањето на терен ја отвориле вреќата и внатре го пронашле безживотното тело на бебето, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Случајот веднаш е пренесен кај правосудните органи кои отворија официјален предмет за овој настан.

Според информациите од судски извори, веќе е започната опсежна истрага за убиство на малолетник и прикривање на телото.

Полицијата во Париз работи на утврдување на идентитетот на лицата кои ја оставиле вреќата, како и на точните причини за смртта на новороденчето.

Exit mobile version