Тело на убиен млад човек (21) пронајдено врзано во река, неговиот телефон доведе до апсење: Ужасен злостор го потресе Балканот
Телото на 21-годишно момче било пронајдено во реката Харманлијска во Бугарија, два дена откако било пријавено за исчезнато.
Полицијата веќе лишила од слобода негов врсник под сомнение за извршено убиство.
Телото на исчезнатото момче било извлечено од реката на 15 октомври. Според првичните резултати од форензичката анализа, смртта настапила како последица на задушување пред телото да биде фрлено во водата. Жртвата била пронајдена врзана.
Потрагата по младиот човек започнала на 13 октомври, откако било пријавено неговото исчезнување од страна на блиските. Тој живеел во близина на Харманли, а потекнувал од селото Черногорово.
Во рамки на оперативните проверки, полицијата утврдила дека тој последен пат бил виден со друг 21-годишник во близина на локалниот угостителски комплекс надвор од градот.
Истражителите откриле дека осомничениот се вратил дома сам, а потоа се обидел да го продаде мобилниот телефон на жртвата, што директно довело до негово идентификување и апсење.
Во обемната акција за пребарување на теренот беа вклучени припадници на регионалната и националната полиција, како и специјализирани нуркачки и противпожарни екипи.
Надлежниот обвинител му одреди мерка притвор од 72 часа на 21-годишниот осомничен и против него е поднесено соодветно обвинение. Истрагата продолжува со цел утврдување на сите детали и мотиви за злосторството.


