Вчера во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.
За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
- Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес
- Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана
- Серија апсења низ Македонија
- Пронајдена димна бомба во стан во Скопје: Полицијата веднаш интервенирала
- Фирма од струмичко го оштетила буџетот за 347.414 денари: Поднесена кривична пријава за затајување данок
- Тетовчанец заработи кривична пријава за полово вознемирување на сограѓанка
- Трагедија ја потресе Македонија – загина камионџија
- Падна полицаец од Скопје: Возел без возачка дозвола и со истечена регистрација


