Тела на жртви на секта пронајдени во џунгла - истерувале ѓаволи со мачење на луѓе, полицијата пешачела до нив 10 часа

 

Телата на жртва на сектата Ново божјо светло биле пронајдени во масовна гробница во Панама, соопштила локалната полиција додавајќи дека истрагата е се уште во тек.

Телата биле пронајдени во близина на гробницата во која во јануари оваа година биле пронајдени седум лешеви. Жртвите биле поврзани со сектата за која се верува дека била опседната со егзорцизам.

Државниот обвинител Азаел Тугри рекол дека гробницата била на зафрлениот дел од регионот Нгабе Бугле до која истражувачите морале да пешачат дури 10 часа. Од главниот гтрад на државата, оддалечена е 350 километри.

„Во овој момент не е можно да се утврди бројот на телата како ни полот на жртвите“, рекол Тугри.

Полицијата пред неколку дена го уапсила наводниот лидер на сектата Ново божјо светло во врска со жртвите од гробницата која ја пронашле во јануари.

Тогаш меѓу пронајдените тела нашле и остатоци од една трудница, нејзините 5 деца и еден тинејџер, а до откривање не би дошло доколку полицијата не ја алармирале тројца бегалци кои сектата ги држела во заробеништво.

Полицијата тогаш рекла дека членовите на секатата спроведувале егзорцизам над луѓе кои ги мачеле на разни начини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега