Израелските воздухопловни сили (IAF) извршија силен напад врз главниот град на Иран, при што целосно е уништен Иранскиот институт за вселенски истражувања. Од објектот, кој се наоѓа во срцето на Техеран, по нападот не остана речиси ништо, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од огромниот облак чад што се издига над градот.
🇺🇸🇮🇱🇮🇷‼️Os EUA e Israel destruíram uma importante instalação do Centro de Pesquisa Espacial Iraniano em Teerã, reduzindo o local a ruínas.
— Conservatism And Elegance 🇺🇲 (@ThayzzySmith) March 15, 2026
A instalação realizava pesquisas em satélites e tecnologia espacial, apesar das sanções em vigor. pic.twitter.com/yQvRKRok1M
Според израелските воени извори, овој институт не служел само за „научни цели“, туку бил клучна точка за развој на балистички ракети и технологија за наведување, што Израел го смета за директна закана за својата безбедност.
На социјалната мрежа „X“ се појавија бројни видеа од моментот на детонацијата. Очевидци велат дека ударот бил толку силен што ги затресол околните станбени четврти.
„Не остана ништо од зградата во Техеран“, пренесуваат изворите од теренот, опишувајќи ја силината на израелскиот одговор.
Иранските власти сеуште не излегле со официјални бројки за жртви, но потврдија дека е причинета огромна материјална штета. Овој напад е дел од пошироката воена операција на Израел насочена кон деградирање на воениот и технолошкиот капацитет на Иран, по серијата меѓусебни ескалации во регионот.

